Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Дефенса Централ“ пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез почнал да размислува за нови потенцијални засилувања за екипата, а една од неговите желби е 17-годишниот фудбалер на Реал Овиедо, Марио Фуентес, кој многумина го нарекуваат „новиот Левандовски“.
Фуентес е еден од најталентираните фудбалери во Шпанија, а тој постигна 14 гола во 12 натпревари за неговата екипа. Исто така, интересно е тоа што го споредуваат со легендарниот Роберт Левандовски од Баерн Минхен.
Младиот фудбалер во неговите последни пет сезони постигна вкупно 180 голови, односно во просек постигнува околу 36 гола по сезона.
Перез размислува и за други талентирани фудбалери и веќе има пратено скаути да следат младинци, а според медиумот во листата со желби има и неколку бразилски таленти, но и Гонзало Соса од Аргентина.