Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Ралф Рангник потпиша договор со Манчестер јунајтед и ќе биде нивни тренер, но најверојатно нема да го предводи тимот во четврток кога играат против Арсенал.
Раководството на „црвените ѓаволи“ се надеваше дека 63-годишниот тренер ќе добие работна дозвола и ќе биде заедно со екипата на мечот, но мали се шансите за такво нешто.
Постојат повеќе причини за одложување на доаѓањето на Рангник, а најпрво тоа е визата, па потоа и новите правила за ковид-19 кои ќе важат од вторник.
Во клубот се надеваат дека ќе ги средат документите за Рангник да може до недела да седне на кормилото, кога го пречекува тимот на Кристал Палас.
Дотогаш Мајкл Керик ќе биде и трет пат привремен тренер на екипата и ќе се обиде да остане непоразен.