Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси во понеделникот ја освои седмата „Златна топка“ во избор на „Франс Фудбал“ во Париз, откако заврши пред Роберт Левандовски за 33 гласови.
Аргентинецот организираше забава по освојувањето на наградата на која беа повикани соиграчите од ПСЖ со сопругите, а таму ги немаше Мауро Икарди и Ванда Нара.
„Икарди не беше повика на прославата на Меси за наградата поради Ванда“, кажа ТВ-водителот Ангел Брито.
Икарди, сепак, му честиташе на колегата од ПСЖ и на Инстаграм објави честитка за Меси, но и неговиот друг колега, голманот Џанлуиџи Донарума.
Икарди и Ванда имаа големи брачни проблеми во претходниот период, откако Аргентинката го обвини сопругот дека ја изневерил.