Роналдо испрати порака до навивачите на Јунајтед по триумфот против Арсенал


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал заврши со победа на „црвените ѓаволи“ од 3-2, а најзаслужен за победата на екипата беше Кристијано Роналдо.

Португалскиот репрезентативец постигна два гола, но по натпреварот не беше премногу расположен за славје.

„Немаме време за прослава, туку се подготвуваме за следниот натпревар. Победата против Арсенал е важна за да се вратиме во форма, но уште е долг пат пред нас“, вели Роналдо.

Неверојатниот Португалец им се заблагодари на соиграчите, но и навивачите за кои имаше само пофални зборови.

„Им честитам на своите соиграчи, покажавме сила. Посебно сум им благодарен на моите навивачи без кои не можевме да се соочиме против Арсенал“, кажа Роналдо.