Проблеми за „кралевите“: Бензема се повреди и го напушти теренот!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Реал Мадрид гостува кај незгодниот Реал Сосиедад во мечот од 16. коло во шпанската Ла Лига, а резултатот по половина час е 0-0.

„Кралевите“ се во големи проблеми затоа што од 17. минута играат без Карим Бензема, кој мораше да го напушти теренот поради повреда, а наместо него во игра влезе српскиот напаѓач Лука Јовиќ.

Иако повредата не делува сериозно, сепак ќе мора да почекаме барем до утре за да видиме во каква состојба се наоѓа Французинот.