Рангник кажа што мисли за засилувања во јануари и ги разочара навивачите!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник смета дека премногу е рано да се зборува за плановите во зимскиот преоден рок.

Во првата недела на чело на Јунајтед, Рангник го победи Кристал Палас и одигра нерешено со екипата на Јанг бојс во Лига на шампиони.

„Морам подобро да ги запознаам фудбалерите, зашто досега одигравме два меча, но уште е рано да зборуваме за тоа што може да се случи во преодниот рок. Имаме голем состав“, кажа 63-годишниот стратег.

Фудбалерот за врска, Пол Погба ќе се врати во Англија викендов и ќе разговара со новиот тренер, но не се очекува да се врати на теренот пред Нова година.

„Разговаравме преку телефон, но се радувам на тоа дека ќе го видам во недела. Ќе му бидат потребни уште неколку недели за да оздрави“, смета Рангник.