Перез има изненадување: Реал Мадрид во јануари го враќа Кристијано Роналдо!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид игра одлично во шпанската Ла Лига и во моментов е на првата позиција, а управата на шпанскиот гигант веќе почна да размислува за јануарскио засилувања.

„Футбол инсајдер“ пишува дека едно од засилувањата на „кралевите“ може да биде Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед.

Роналдо пристигна во Манчестер како големо засилување, но „црвените ѓаволи“ играат лошо и Ралф Рангник наводно ќе биде дополнителна причина за Португалецот зошто да замине од клубот.

Роналдо не е среќен со системот кој го негува германскиот тренер, па затоа сака да си ја побара среќата во тимот каде што ги имаше најдобрите денови.

Португалецот и претходно го напушти Јунајтед за да потпише за Реал Мадрид во 2019 година.