Анчелоти ја дополни листата со желби – нови две потенцијални засилувања за Реал Мадрид?


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Реал Мадрид во моментов гази сигурно кон освојување на шпанската Ла Лига, но претстои вториот дел од сезоната кој воопшто нема да биде лесен, па лидерот во шампионатот мора да се засилува.

Тренерот на тимот, Карло Анчелоти е задоволен со фудбалерите со кои располага, но сака да се засили со уште неколку играчи.

Една од желбите на Анчелоти е Џонатан Дејвид од Лил, кој досега беше одличен и привлече интерес од многу тимови, меѓу кои и „кралевите“.

Исто така, со трансфер во Мадрид се поврзува и дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, кој имаше проблеми во претходните сезони, но има само 24 години и може да напредува.

Засега не се почнати преговори со ниту еден од двајцата фудбалери, но наскоро би можело да се случи тоа.