Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот вицешампион ПСЖ на лето ќе остане без услугите на Килијан Мбапе, кој има соработка до јуни, па поради тоа гигантот реши да бара негова замена.
Тренерот Маурицио Покетино избрал замена за Мбапе, а тоа е ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах кој не сака да потпише нов договор со премиерлигашот.
Салах има договор на уште 18 месеци, па Ливерпул можеби треба да размисли за продажба ако не успее да постигне нова соработка до крајот на летото.
ПСЖ смета дека би можел да го добие Салах за сума од 60 милиони евра, иако тоа е малку за искусен фудбалер како Египќанецот, меѓутоа во прилог на Ливерпул не му оди тоа што договорот му завршува набрзо.