Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид продолжи сигурно да гази кон титулата во Ла Лига, откако вечерва ја совлада Валенсија со 4-1 во 20. коло од шпанскиот шампионат.
Во Мадрид беше одигран прекрасен натпревар со многу шанси на двете страни, а првиот гол на мечот го постигна Карим Бензема од пенал во првото полувреме.
Потоа Винисиус Жуниор даде два гола против Валенсија за предност од 3-0 на „кралевите“. Гостите успеаа да намалат преку Гуедеш, кој ја искористи својата шанса во 76. минута.
Бензема ја потврди победата за „кралскиот клуб“ во 88. минута, кога го матираше голманот на Валенсија за 4-1.
„Кралевите“ имаат 49 бода на првата позиција, односно осум повеќе од второпласираната Севиља.