Лазаров ги избра ракометарите за натпреварот против Словенија

Македонскиот селектор Кире Лазаров ги избра ракометарите со кои ќе излезе на натпреварот против Словенија на почетокот на Европското првенство (ЕП) во Унгарија и Словачка.

Од комбинација за настап на натпреварот отпадна голманот Благојче Трајковски, како и најмладиот ракометар меѓу левите бекови, Марко Митев.

И Лазаров е дел од составот, па останува да видиме колку ќе ја предводи Македонија како капитен на теренот.