Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд го критикуваше раководството на тимот по натпреварот против Фрајбург.
Норвешкиот фудбалер не е среќен што клубот од него бара да донесе одлука за новиот тим, и тоа пред крајот на сезоната.
„Во претходните шест месеци не сакав да зборувам за иднината од почит кон тимот. Но, клубот почнад а ме притиска да донесам одлука. Јас сакам да играм само фудбал“, вели Халанд.
Одговор на неговата изјава доби од извршниот директор на тимот, Ханс-Јоаким Вацке.
„Тој е спонтана личност и дозволено му е да зборува. Со Ерлинг немаме проблем, но мора да ја разбере нашата ситуација. Не може да чекаме до крајот на мај за одлука“, кажа Вацке за германските медиуми.