Перез пофали три ѕвезди на Реал Мадрид по освоениот Суперкуп


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 2-0 против Атлетик Билбао во финалето на шпанскиот Суперкуп, а претседателот Флорентино Перез е среќен со првиот освоен трофеј во 2022 година.

„Кралевите“ ги искористија своите шанси преку Лука Модриќ и Карим Бензема, а одличен на голот на Реал беше Тибо Куртоа кој одбрани пенал против Атлетик Билбао.

„Ова беше одличен натпревар. Сакавме да победиме и успеавме во нашата намера. Оваа титула ни значи премногу затоа што имавме многу промени во претходниот период. Имаме нов тренер, одбрана, а резултатите се одлични. Марсело е легенда на клубот, а од друга страна Куртоа и Модриќ во моментов се најдобри на нивните позиции. Со Реал Мадрид сум речиси 60 години, ова е најголемиот тим во светот“, кажа Перез.