Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот француски фудбалер Осман Дембеле во моментов е во војна со Барселона, а причина за тоа се преговорите за нов договор. Менаџерот на играчот постојано ги одбива понудите од каталонскиот гигант и тоа го изнервира раководството.
Клубот соопшти дека сака да го продолжат договорот, но менаџерот не беше задоволен со понудите, па поради тоа Барселона порача дека во следните 11 денови Дембеле мора да потпише договор или да си најде нов тим.
Дембеле реши да реагира по соопштението од страна на извршниот директор и да се одбрани од нападите.
„Четири години читав вести за себе и во ниту еден момент не се правдав. Постојано имаше шпекулации за мене. Четири години луѓето зборуваа за мене, срамно лажеа со цел да ми наштетат. Тоа беше грешка, но од денеска е готово. Ќе одговарам искрено и никој нема да ме уценува. Имам 24 години и не сум совршен, како секој друг човек“, кажа Дембеле.