Поранешна тенисерка го брани Ѓоковиќ: Новак е добар човек, не е опасен, но го чека пекол од живот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бившата италијанска тенисерка Флавија Пенета го осуди потегот на австралиските власти да го депортираат најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој остана без можност да ја брани титулата во Мелбурн.

Пенета во разговори за „Кориере дело Спорт“ откри каков е Ѓоковиќ, каков е неговиот карактер и начин на размислување.

„Новак ми е пријател и се познаваме многу долго. Тешко ми е да го разберам потегот на австралиските власти. Ноле беше поразличен од сите други. Од храна до пријателства. Многу ми е жал поради тоа што му се случи, тој е добар човек, не е опасен за луѓето. Не знам како ќе учествува на турнири во САД, Индијан Велс и Мајами, тоа ќе биде пекол од живот“, кажа Пенета.