Ериксен се враќа во Англија, но мора да исполни важен услов пред да потпише договор!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Англиските медиуми вчера објавија дека данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е на чекор да потпише договор со Брентфорд, па така по половина година пауза ќе се врати на теренот и ќе заигра во Премиерлигата.

Данецот нема настапувано уште од јуни, кога на Европското првенство (ЕП) доживеа срцев удар и едвај остана жив, но сепак реши дека сè уште не е време да ја заврши својата кариера.

Ериксен тренираше во претходните месеци со Интер, но мораше да го напушти тимот поради здравствените протоколи кои не му дозволуваа да игра во Серија А.

Данскиот фудбалер треба да се врати во Англија, меѓутоа пред него е голем услов кој мора да го исполни пред потпис на договорот, а тоа е да помине детален медицински преглед.

Англичаните најавуваат дека Ериксен ќе потпише договор до крајот на сезоната, со можност да ја продолжи соработката на уште една година.