Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот селектор и ракометна легенда, Кире Лазаров даде интервју за хрватски „Индекс“ и кажа дека актуелното Европско првенство (ЕП) било нерегуларно.
Македонија испадна уште во првиот круг со три порази, а Лазаров смета дека првенството е нерегуларно поради натпреварот меѓу Исланд и Хрватска (22-23) во кој двете репрезентации влегоа ослабени поради ковид-19.
„На таа средба победи репрезентацијата што беше помалку уморна. На ова првенство не важат правила и нема регуларност. Не можете да ја процените силата на една репрезентацијата затоа што порано или подоцна сите имаа големи проблеми“, вели Лазаров.
Лазаров беше изненаден и од тоа како само една репрезентација немала никаков проблем на ЕП.
„Чудно ми е како само Данска нема вакви проблеми. Сите други во одреден момент имаа проблеми затоа го сметам ова ЕП за нерегуларно“, кажа македонскиот селектор.
Интервјуто на Лазаров можете да го прочитате – тука.