Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ потпиша договор со Јувентус и за сума од 75 милиони евра ја напушти Фиорентина, но талентираниот фудбалер веднаш се соочи со проблеми.
Влаховиќ ги прекршил протоколите за ковид-19, па во Торино пристигнал со позитивен тест и сега ќе мора да плати казна.
„Сите што имаат примено по три дози од вакцината, мора да седат дома во период од седум дена меѓу позитивен и негативен тест. Тоа се правилата за сите. Ако ги прекрши, за тоа ќе мора да плати казна. Ги преземавме сите потребни мерки“, соопшти директорот за јавно здравје Џорџо Гарофало.
Србинот немал дозвола да патува во Торино на медицински прегледи, но засега не е познато каква казна ќе добие.