Кој чека – ќе дочека: Австралија доби шампионка по 44 години во Мелбурн!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобрата тенисерка во светот, Ешли Барти стана првата Австралијка која славеше на Австралијан опен во Мелбурн по 44 години, откако во финалето беше подобра од Американката Даниел Колинс (6-3, 7-6).

Барти стана првата домашна тенисерка која славеше во Мелбурн по Крис О’Нил во 1978 година, а таа го освои својот трет гренслем-трофеј, по Ролан Гарос во 2019 и Вимблдон во 2021 година.

Австралијката на патот до титулата не загуби ниту еден сет, а ги победи Лесја Цуренко, Луција Бронзети, Камила Џорџи, Аманда Анисимова, Џесика Пегула и Медисон Киза.

Во четирите воведни гема од финалето тенисерките беа сигурни на својот сервис, а прва со проблеми се соочи Барти, која во петтиот гем спаси брејк-топка, додека во следниот ѝ го одзема сервисот на противничката.

Вториот сет не почна добро за Барти, која на патот до финалето загуби само еден гем на свој сервис, но сепак во последниот меч на турнирот, односно во вториот сет губеше со 1-5, но успеа да се врати и да слави во тај-брејк со 7-2.