Анчелоти освои 21 трофеј како тренер, ама УЕФА го тера повторно да полага испит!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, Карло Анчелоти, во моментов го предводи Реал Мадрид, но Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема милост ниту за него.

Италијанецот ќе мора да полага тренерски испит ако сака да продолжи со неговата работа. Лиценцата му завршила на 21 декември минатата година и мора да ја продолжи, а „Кориере дело Спорт“ објави дека Анчелоти добил предупредување од УЕФА.

Анчелоти во кариерата тренираше многу гиганти, меѓу кои се Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен и Реал Мадрид, со кои освои вкупно 21 трофеј, меѓу кои три во Лига на шампиони, секој од топ-5 лигите, а минатиот месец го освои Суперкупот со Реал Мадрид.

Шпанскиот фудбалски сојуз реагираше на предупредувањето на УЕФА и побара да се откаже испитот бидејќи, според нив, нема логика толку искусен тренер пак да полага испит.