Ериксен потпиша со премиерлигаш и по пола година му се врати на фудбалот!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен по повеќе од пола година конечно се враќа на фудбалските терени, откако на Европското првенство (ЕП) доживеа срцев удар на мечот против Финска, па докторите со многу мака му го спасија животот.

Ериксен неколку недели помина во болница и доби совет да ја заврши кариерата, но тој не сакаше да го направи тоа. Данецот во претходните месеци вредно тренираше и се подготвуваше за враќање на теренот.

Откако неодамна го прекина договорот со Интер, Ериксен реши да се врати во Англија и повторно ќе го гледаме во Премиерлигата, каде што претходно го носеше дресот на Тотенхем.

Ериксен стави потпис на договор со Брентфорд, каде што треба да остане до крајот на сезоната, а има опција да ја продолжи соработката на уште една година.