Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Џејмс Харден повторно би можел да биде дел од голема размена. Американските медиуми пишуваат дека тој на 10 февруари, односно до крајот на преодниот рок ќе замине во Филаделфија.
Бруклин сака да го ослободи 32-годишниот кошаркар, а Филаделфија им подготвил „пакет“ кој го вклучува Бен Симонс, а заедно со него ќе бидат понудени уште неколку кошаркари, меѓу кои е и Сет Кари.
Преговорите меѓу двете екипи ќе бидат поинтензивни во следните денови и нема да биде изненадување ако Харден потпише за Филаделфија.
Харден пристигна во Бруклин во јануари минатата година, откако го напушти Хјустон рокетс, но во „тимот од соништата“ не се прослави и не успеа да ја освои титулата.