Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поразот од Интер го налути искусниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, кој побарал од раководството целосно да го менува тимот за следната сезона.
Португалецот не е задоволен со односот на фудбалерите на теренот, а поддршка добил од страна на управата на Римјаните.
„Кориере дело Спорт“ пишува дека пет фудбалери би можеле да го напуштат „Олимпико“ на крајот на сезоната за да може да продолжи проектот на Мурињо.
Едно од најголемите изненадувања во Рим најверојатно ќе биде заминувањето на Николо Заниоло, талентираниот 22-годишен фудбалер, кој не сака да го продолжи договорот со калчолигашот.
Рома во моментов е на седмата позиција со 39 бодови, односно шест помалку од Јувентус кој е на четвртото место во Серија А.