Серија А ќе го одложи колото пред мечот меѓу Македонија и Италија!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанската фудбалска федерација испратила барање до раководството на Серија А да биде одложено колото на 19 и 20 март за да може репрезентацијата да се подготви за мечот против Македонија во полуфиналето на баражот, кој е закажан за 24 март од 20.45 часот во Палермо.

Габриеле Гарвина уште пред две недели кажа дека постои ваква опција за да му се овозможи на европскиот првак да добие доволно време и да обезбеди пласман на Светското првенство (СП) во Катар, кое ќе се одржи на крајот на годината.

Ако се случи тоа и Серија А го прифати барањето на фудбалската федерација, тогаш репрезентативците на Италија најверојатно ќе ги почнат подготовките на 14 март, па така ќе имаат 10 дена до мечот против Македонија.

Во второто полуфинале на баражот ќе играат репрезентациите на Португалија и Турција.