Анчелоти даде коментар за иднината на Бејл: Сака да ја заврши приказната со Реал Мадрид…

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл пред девет години пристигна во Реал Мадрид кога се создаваше најмоќниот тим во светот, но не ги оправда очекувањата и се очекува на крајот на сезоната да си замине.

Бејл беше купен од Тотенхем за 100 милиони евра, а со Реал Мадрид ги освои сите трофеи што можеше, но потоа направи неколку скандали и пропушташе тренинзи и натпревари.

Искусниот фудбалер оваа сезона одигра само четири меча за „кралевите“ и притоа постигна само еден гол, па јасно е дека нема да му биде продолжена соработката и се очекува од следната сезона да го гледаме во друга екипа.

„Бејл имаше проблеми со повреди оваа сезона, тој не е мотивиран, но сака да ја заврши приказната со Реал Мадрид како што доликува. Договорот му завршува на крајот на сезоната и нема да биде продолжен“, вели Анчелоти.