Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе е желба на многу европски гиганти, но најблиску до неговиот потпис е Реал Мадрид чиј претседател Флорентино Перез подготви нова понуда која талентираниот напаѓач не би можел да ја одбие.
Во јавност често се појавуваат големи суми кои Мбапе наводно треба да ги заработува во иднина, а шпанските медиуми пишуваат дека Реал ќе му понуди 25 милиони евра годишно по сезона нето, па така 23-годишниот напаѓач за шест години без бонуси ќе заработи 150 милиони евра.
Мбапе неколку пати одби да каже каде ќе ја продолжи иднината, но конечно ќе ја реши мистеријата по двомечот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).
Французинот го носи дресот на гигантот од „Паркот на принцовите“ од 2017 година, а од тогаш одигра 158 натпревари и притоа постигна 132 гола.