Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швеѓанецот Нилс ван дер Пул го освои златниот медал во брзо лизгање на 10.000 метри, а потоа го критикуваше Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) поради тоа што Зимските олимписки игри (ЗОИ) ѝ ги додели на Кина.
Пул го критикуваше ИОК затоа што организацијата ѝ припадна на Кина, која ги крши човековите права.
„Сметам дека неодговорно е организацијата на ЗОИ да ја добие земја која ги крши човековите права, како што го прави тоа Кина и нивниот режим“, кажа Швеѓанецот.
Спортистот не запре тука, па испрати уште пожестоки критики и ги посочи игрите во 1936 година.
„ОИ се најголем спортски настан, кој ги собира сите држави во светот. А повторно, ги организираше и Хитлер пред да ја нападне Полска, како и Русија што планира да изврши инвазција во Украина“, кажа Пул.