Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ентони Еланга неодамна дебитираше за првиот тим на Манчестер јунајтед, а против Вулверхемптон го постигна првиот гол во новата екипа.
Овој 19-годишен фудбалер пред неколку години стигна во тимот на Манчестер, а оваа сезона Ралф Рангник го префрли во првиот тим.
Овој талентиран фудбалер играше за младинската репрезентација на Шведска, а притоа на осум меча постигна седум голови.
Еланга е роден во Шведска, но потоа се пресели во Англија, што му дава шанса да игра и за едната и за другата држава, но може да го носи и дресот на Камерун.
Таткото на Еланга, Џозеф играше за Камерун на Светското првенство (СП) во 1998 година и сака неговиот син да ги следи стапките по кои се движел тој, меѓутоа младиот фудбалер допрва треба да донесе одлука.