Зверев е ептен луд Германец: Удираше со рекет по столчето на судијата, па доби брутална казна!

Еден од најдобрите тенисери во светот, Александер Зверев предизвика голем скандал на тенискиот терен во Акапулко откако се изнервира по поразот во парови.

Германецот се однесуваше скандалозно, а на снимките може да се забележи како со рекет удираше по столчето на судијата.

„Погледнете каде падна топчето, погледнете. Ти си е*ен кретен. Е*и се“, викаше Зверев кон судијата во текот на третиот сет.

Организаторите на турнирот веднаш реагираа со брутална казна за Германецот, кој е исфрлен и нема да може да игра ниту во сингл-конкуренција, каде што беше еден од фаворитите за титулата.