Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Паулињо, кој во текот на кариерата играше во Европа за неколку шпански и португалски тимови, го уништи својот скап автомобил Мекларен 600 ЛТ вреден 600.000 долари.
Фудбалерот кој го носи дресот на Шангај во моментов, Паулињо кажа дека ќе си купи нов автомобил.
„Веќе гледав друг модел на Мекларен. Имам и фотографии и снимки од автомобилот кој ми се допаѓа“, кажа Паулињо за бразилските медуми.
Полицијата го обвини дека возел со 177 км/ч, по што загубил контрола и се удрил директно во дрво, па така остана само делови од неговото возило.
„Ако возев 177 километри на час сега немаше да зборувам со вас“, кажа Бразилецот кој веќе две години е во Кина.