Кариерата ја почна во Русија, а сега удри по неа: Никогаш нема да се предадеме, слава на Украина!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Украинскиот репрезентативец Александр Зинченко испрати порака преку социјалните мрежи по конфликтот меѓу неговата држава и Русија, која испрати војска во деловите кои се побунија.

Фудбалерот на Манчестер сити испрати остри критики на сметка на Русите и претседателот Владимир Путин.

„Цел цивилизиран свет е загрижен поради ситуацијата во мојата земја. Не можам да останам на страна и да не го пренесам моето мислење. На фотографијата е мојата држава. Земја во која сум роден и пораснав. Државата која ја бранам на меѓународната спортска арена. Државата која се обидуваме да ја развиваме. Нема да се откажеме! Слава на Украина“, напиша Зинченко.

Зинченко ја почна кариерата во Шахтјор од Доњецк, кој се наоѓа на територија на Република Доњецк, а една сезона беше и во рускиот тим Уфа.