Бензема потроши 400.000 евра на нов ѕвер!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Карим Бензема сака автомобили, па така напаѓачот на Реал Мадрид си направи одлична колекција во својата гаража.

Французин е познат по тоа што не штеди пари кога станува збор за возила, а неговата колекција вреди повеќе од шест милиони евра.

Бензема во својата гаража има Мерцедес АМГ, Ламборгини, Ролс Ројс, Бугати, Ферари, а сега ја дополни колекцијата со нов ѕвер.

Напаѓачот на шпанскиот гигант си купи Мекларен 765ЛТ Спајдер, кој неодамна беше пуштен во продажба, а чини неверојатни 400.000 евра.