Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалското првенство во Украина е суспендирано на неодредено време поради воената состојба во државата, откако руската војска изврши инвазија и ги нападна Украинците.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски прогласи воена состојба во цела земја поради нападите од страна на Русија.
„Поради воведување на вонредна состојба во Украина, фудбалското првенство е суспендирано“, соопштија на сајтот на украинската Премиерлига.
Од развој на ситуацијата зависи кога ќе се врати фудбалот на зелените терени. Досега беа одиграни 18 кола и Шахтер е лидер со 47 освоени бодови, додека на второ место е Динамо Киев со два бода помалку.