Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Русија во четвртокот ја почна инвазијата врз Украина и така цел свет се плаши дека војната може да трае долго време, а во моментов се врши и мобилизација на армија во нападнатата држава.
Украински спортисти кои играат во странство апелираат да се прекине војната, а еден од тие кои се подготвен да се борат е и Васил Кравец, 24-годишен дефанзивец.
Кравец е подготвен да замине од „рајот“ и да се врати во татковината, но проблем му претставува тоа што не знае да ракува со оружје.
„Ќе ви ја кажам вистината, сакам да се борам и да му помогнам на својот нард. Но, не можам затоа што не знам да пукам и да се движам. Да можам, ќе заминам да ја бранам мојата територија. Тоа е обврска на секој Украинец“, вели 24-годишниот фудбалер.