Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германски „Билд“ пишува дека Реал Мадрид испаднал од трката за Ерлинг Халанд, кој игра во Борусија Дортмунд, па сега за неговиот потпис е заинтересиран Манчестер сити.
„Кралевите“ постигнаа договор со Карим Бензема, кој ќе остане во тимот и следната сезона, поради што нема да го ангажираат Халанд, кој треба да биде прв избор.
Исто така, желба на Халанд е да игра во Премиерлигата, па поради тоа им се дава предност на „граѓаните“, кои од заминувањето на Серхио Агуеро бараат вистински напаѓач, а минатото лето не успеаа да го купат Хари Кејн од Тотенхем.
Откако се приклучи на Дортмунд во јануари 2020 година, Халанд постигна 80 погодоци на 79 меча за бундеслигашот, па затоа не чуди тоа што владее голем интерес за неговиот потпис.