Човекот кој го урна Реал Мадрид во ЛШ зема пушка во раце и замина во Украина

Цел свет му се восхитуваше на Шериф Тираспол, кој го запре Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пред пет месеци Шериф испиша историја, кога славеше со 2-1 во Мадрид, иако два месеци подоцна на домашен терен загуби со 0-3.

Тренерот Јуриј Вернидуб реши да даде отказ од клубот за да замине во војна во Украина, која е под напад на Русија, а во тек се преговори на кои се обидуваат двете страни да најдат заеднички јазик

Вернидуб ја напушти клупата на Шериф и се врати во Украина, а на војската и се приклучи претходно и прославениот боксер Васил Ломаченко, но и браќата Виталиј и Владимир Кличко.