Турски фудбалер одби маичка „Запрете ја војната“ и го замолче цел свет!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот фудбалер Ајкут Демир одби да облече маичка на која пишуваше „Запрете ја војната“, која е посветена на војната меѓу Украина и Русија, која трае веќе пет дена.

На еден од натпреварите Демир реши да не ја носи маичката, па ја налути светската јавност со неговиот потег затоа што не даде поддршка, меѓута Турчинот имаше објаснување со кое ја „затна“ Европа.

„Илјадници луѓе го губат својот живот на Блискиот Исток. Сите го игнорирате тоа затоа што не се случува во Европа. Не се чувствував удобно да носам таква маичка која не е направена и за земјите кои со години се во војна. Јас сум против сите војни во кои страдаат луѓе, тажен сум што животот го губат невини луѓе“, кажа Демир.

Демир е роден во Холандија, но речиси цела сениорска кариера ја мина во Турција.