Перез во ракав има три трансфери кои може да ја изненадат Европа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како се ближи летниот преоден рок, така се зголемуваат шпекулациите во светските медиуми за нови трансфери, а Реал Мадрид се поврзува со многу фудбалери, па така се очекува и реакција од претседателот Флорентино Перез.

Иако главни ѕвезди кои се поврзуваа со „кралевите“ беа Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, сепак најверојатно само Французинот ќе пристигне во Мадрид, а Перез има и други желби, но останува да видиме кои ќе му се остварат на крајот.

Шпанските медиуми направија листа од три трансфери кои би можеле да ја изненадат Европа, а исто така и навивачите на Реал Мадрид, со оглед на тоа дека речиси никогаш досега овие играчи не биле поврзувани со шпанскиот гигант.

Еден од нив е Деклан Рајс, кој игра одлично за Вест хем и е блиску до Челси, меѓутоа Перез во него гледа квалитетен фудбалер кој може да помогне во средниот ред, но и во одбраната.

Втор на списокот е Серж Гнабри од Баерн Минхен, кој игра фантастично веќе неколку години и би требало да биде идеална замена за Германецот Тони Крос, иако мала е можноста за такво нешто.

Последното изненадување е Кристофер Нкунку од Лајпциг, кој стана еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата, па затоа и постои интерес од многу европски гиганти за неговиот потпис.