Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српската кошаркарска ѕвезда Никола Јокиќ идното лето треба да потпише договор со кој ќе стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА-лигата.
Неговиот агент Мишко Ражњатовиќ зборуваше за еден портал за кој откри дека Јокиќ ќе потпише договор од 241 милион долари.
„Новиот договор треба да се потпише летово, а тоа ќе биде продолжување според максималната сума, која Јокиќ ја заслужува со неговите настапи“, вели Ражњатовиќ.
Јокиќ ќе стане најплатен во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот и така ќе го надмине Јанис Адетокумпо, кој има договор вреден 228,2 милиони долари за пет години, а на трето место е Расел Вестбрук со 206,79 милиони долари.