УЕФА го избра домаќинот за ЕП 2028!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европското првенство во фудбал во 2028 година речиси сигурно ќе се одржи на територија на Велика Британија и Република Ирска.

УЕФА требаше да го открие домаќинот до септември 2023 година, но англиските медиуми откриваат дека нема да се чека толку долго.

Оваа вест доаѓа откако двете земји се повлекоа од организацијата на Светското првенство (СП) во 2030 година, па дури 18 стадиони се во конкуренција да бидат домаќини на натпреварите.

Следното ЕП ќе се одржи во Германија во 2024 година, а УЕФА минатата година објави дека имала загуби од 850 милиони евра и сака да ги надокнади во следните шампионати, па затоа и планира да ги организира на поголемите пазари.