Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе во двомечот од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) постигна два гола против Реал Мадрид, но тоа не беше доволно бидејќи на спротивната страна блесна Карим Бензема со хет-трик.
Мбапе го постигна првиот гол на дуелот во Мадрид за водство на ПСЖ до 61. минута, по што на сцена настапи Бензема со три гола во мрежата на гостите за 17 минути.
Французинот блескаше на „Бернабеу“, а беше снимен еден ден претходно како импресионирано го гледа новиот дом на „кралевите“, каде што би можел да игра од следното лето.
„Лигата на шампиони беше голема цел за нас, но ја пропуштивме. Оваа сезона не е готова и што ѝ да се случи, ќе продолжиме да бидеме силни и да се бориме до последниот меч. Им благодарам на навивачите за поддршката“, вели Мбапе.