Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед славеше со 3-2 против Тотенхем во 29. коло од англиската Премиерлига, а магична ноќ имаше Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик.
Јунајтед влезе одлично во мечот, и тоа со гол на Роналдо во 12. минута, но потоа Хари Кејн ја врати неизвесноста и израмни на 1-1.
Роналдо погоди и по вторпат за „ѓаволите“ и водство од 2-1, но неговиот гол го „поништи“ Хари Мегваер со автогол (2-2).
Меѓутоа, Португалецот постигна хет-трик во 81. минута (3-2) и така стана најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.