Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус беше елиминиран од Лигата на шампиони (ЛШ) откако загуби на домашен терен од Виљареал со 0-3, па ова е веќе трета година по ред како испаѓаат во осминафинале
Дефанзивецот Леонардо Бонучи не беше на теренот да им помогне на соиграчите поради повреда, а утрово испрати порака до бесните навивачи.
„Поминувајќи ги ваквите натпревари однадвор ми овозможува да разберам како размислуваат нашите фанови за ваквите ноќи. Извинувањето е единствено нешто кое можеме да го направиме сега. Разочарувањето и фрустрацијата мораме да ги претвориме во лутина и да ги оствариме целите кои ни останаа“, напиша Бонучи.