Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија ја прегази Романија со 30-22 во првиот меч од баражот за пласман на Светско првенство (СП) во 2023 година.
Селекторот Кире Лазаров кажа дека ова не е реален резултат и ќе мора да бидат претпазливи во реваншот во Романија.
„Резултатот можеби не е реален, но спортот е таков. Се играат 60 минути и на овој меч ние бевме подобри. Во минатото сме играле 40-45 минути добри и потоа сме го губеле дуелот, но сега ние одигравме одлично. Мора да бидеме претпазливи во реваншот. Романија нема да се предаде“, кажа Лазаров.