Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен беше разочаран по епилогот од првата трка во сезоната за Големата награда на Бахреин.
Возачот на Ред Бул мораше да се откаже на три круга пред крајот, иако постојано се бореше со Шарл Леклер за првата позиција.
„Секогаш може да кажете дека се случуваат вакви работи, но на врвно ниво, со сите податоци кои ги имаме, ова не смееше да ни се случи. Катастрофата за Ред Бул беше уште поголема кога Серхио Перез остана без мотор на еден круг пред крајот“, вели Ферстапен.
Следната трка се вози во недела, 25 март во Саудиска Арабија, а таму ќе има можност шампионот да го поправи впечатокот.