Бонучи: Мора да бидеме трпеливи и внимателни против Македонија

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи нема да настапи против Македонија во баражот за пласман на Мундијалот во Катар, меѓутоа искусниот фудбалер ги предупреди своите сонародници.

Бонучи зборуваше пред натпреварот и кажа дека неговите соиграчи мора да покажат квалитет, но и да внимаат против Македонија.

„Нашата цел е да се пласираме на Мундијалот во Катар, а како што кажа и селекторот, тоа нема да биде лесно и мора да внимаваме и да бидеме трпеливи против Македонија. Не смееме да ризикуваме затоа што тие се брзи на контра-напади“, вели Бонучи.