Анчелоти на рапорт кај Перез – состанокот доби конечен епилог!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имаше состанок со тренерот Карло Анчелоти по одличните настапи на „кралевите“ во сите натпреварувања.

Реал Мадрид, сепак, беше декласиран во вечното дерби од Барселона со 0-4, по што Перез реши да седне на разговор со Анчелоти.

Разговорот меѓу двете страни траел час и половина, а познат е и неговиот епилот. Перез нема намера да го промени Анчелоти и искусниот Италијанец ја доби поддршката од клубот.

Анчелоти е блиску до освојување на титулата во Ла Лига, а „кралевите“ се натпреваруваат и во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што конкуренцијата е многу поголема.

„Во одлулката повеќе никој не се сомнева“, кажа Перез наводно по состанокот со Анчелоти.