Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид е на добар пат да ја освои титулата во Ла Лига, а во игра е и за титулата во Лигата на шампиони, но претседателот Флорентино Перез веќе прави планови за следната сезона.
Перез го ангажираше Алаба за да ја зацврсти одбраната, а сега е време тимот да добие и страшен напад, откако екипата ќе ја напуштат Герет Бејл, Иско, Еден Азар и Лука Јовиќ.
Првиот потег на Перез е да потпише нов договор со Винисиус Жуниор, што се очекува да се случи во следните недели.
Вториот потег за кој се шпекулира со месеци е ангажирањето на Килијан Мбапе, кој ќе остане без договор со ПСЖ на крајот на годината.
Третиот и последен чекор е ангажирање на играч во самиот врв на нападот, иако Карим Бензема е во страшна форма, сепак Перез смета дека Халанд е решение за следните 10 години.