Јунајтед тоне, а Роналдо го нема: Рангник ја откри причината за отсуството


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Лестер и така почна да ги губи шансите да стигне до четвртото место кое води во Лигата на шампиони (ЛШ).

Јунајтед се мачеше без Роналдо во нападот, а Ралф Рангник реши да го искористи Бруно Фернандеш на таа позиција и очигледно згреши.

Рангник им објасни на новинарите зошто го немало Роналдо во тимот.

„Имаше во петок некои симптоми на грип“, откри Германецот.

Ниту Едисон Кавани не настапи затоа што добил незгоден удар додека играше за репрезентацијата на Уругвај.

„Сè додека математички е можно, не е важно како ќе стигнеме до тоа место, но мора да завршиме во топ-4“, објасни Рангник.