Залудно е голем шампион: Навивачите на ПСЖ го понижија Рамос како никој друг претходно!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ во 30. коло од француската Лига 1 со 5-1 го декласираше Лориен, но Серхио Рамос нема по добро да ја памети средбата.

Рамос е еден од фудбалерите кои летово пристигнаа во клубот и требаше да му помогнат да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ), но беа елиминирани од Реал Мадрид.

Навивачите го загубија трпението, па често ги исвиркуваат Нејмар и Меси, а сега на ред дојде и шпанскиот дефанзивец.

Во моментот кога Рамос се појави на теренот, навивачите почнаа да го навредуваат, а така беше и при секој допир на Шпанецот со топката.

По натпреварот во одбрана на Рамос застана тренерот Маурицио Покетино.

„Сите сме погодени. Мислам дека тоа е фрустрација од навивачите, но и дека не беше насочено само кон Рамос. Тој е голем шампион и заслужува почит, како и сите фудбалери на ПСЖ“, кажа Аргентинецот.